Попладнево се одиграа седум средби од 22.коло во ВМФЛ. Шкендија (А) киксираше и тоа како домаќин со оглед на тоа дека одигра 0:0 против Беласица. Јасно е дека се загубени два драгоцени бода во битката за првото место.
Скопје е сега лидер со 50 бодови, па макар и привремено ако се знае дека вечерва од 18 часот во големото дерби во Штип се среќаваат Брегалница и Охрид.
„Пиратите“ од Автокоманда денеска на гостувањето кај Вардар Неготино без проблеми славеа со 0:2. Победа во Прилеп беше декласирана од Детонит со 0:6, но се падна во сенка на ужасните сцени кога домашниот капитен Кристи Крајоски во 75.минута колабираше, па мораше да биде пренесен во болница.
Кожув дома беше убедлив со Г.Коњари со 3:0, Новаци беше сигурен со Преспа со 2:0, исто така и Осогово забележа уште една победа и тоа дома и тоа против Слога (В) со 3:0. Со истиот резултат и Тетекс победи со Саса.
РЕЗУЛТАТИ – 22.КОЛО
Кожув – Г. Коњари 3:0
Новаци – Преспа 2:0
Осогово – Слога (В) 3:0
Победа – Детонит 0:6
Шкендија (А) – Беласица 0:0
Тетекс – Саса 3:0
Вардар (Н) – Скопје 0:2
Брегалница – Охрид (18:00 Ч)
ТАБЕЛА
Скопје 50, Охрид 49 (-1), Шкендија Арачиново 49, Брегалница 46 (-1), Беласица 44…










