„Диџa“ ќе стартува од пол-позицијата во Остин

26
фото: Motorpasión Moto @motorpasionmoto (X)

Возачот на тимот VR46, Фабио ди Џанантонио, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Америка, третата трка од сезоната на шампионатот Мото ГП.

Италијанецот ја освои својата втора последователна пол позиција во Остин, со рекорден круг од 2:00.136 минути, по спектакуларните квалификации за време на кои рекордот на Маверик Вињалес од пред две години беше соборен неколку пати. Најблиску до Диџи беше Марко Бецеки на Априлија, а на двајцата во првиот ред ќе им се придружи пилотот на КТМ, Педро Акоста.

Рекордерот по број на победи во Тексас, Марк Маркез, го освои само шестото место.

ПретходноШтипска радост: Брегалница со „минималец“ ги освои бодовите против Охрид
СледноЈаничиќ е МВП на финалето на женскиот Куп на ОФМ