Ракометарите на Охрид вечерва го одработија единствениот тренинг во Атина, пред утрешниот натпревар од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против Олимпијакос. Но, наместо во салата каде утре ќе се одигра натпреварот, како што тоа е правило пред европските натпревари, домаќините го испратија Охрид да тренира во „балон“.
Освен што ова покриено игралиште не ги задоволува европските ракометни стандарди за височина на таванот, во него и тешко се дише за да може да се одржи нормален тренинг. Грците и овој пат покажаа дека во дуелите со македонските ракометни екипи како едвај да чекаат да направат провокација.










