Новак со специјална порака: Браво Едине, браво БиХ! (ФОТО)

73
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ веќе две децении е мега – ѕвезда. Секако најголема спорртска ѕвезда на сите времиња на овие простори. И тој е единствен за кого ниту еден народ, ниту една држава од екс – СФРЈ нема лош збор.

Само режимот на Вучиќ не може да го “помириса“ најголемиот.

И како човеќка величина знае јавно, на своите социјални мрежи да го честита успехот на спортисти или репрезентациии од овие простори.

Така беше и по победата на БиХ во Кардиф, кога на пенали Џеко и другарите го елиминираа Велс и се пласираа во финалето од плеј – офот за пласман на СП.

Секако дека не изостана и честитката од најголемиот на сите времиња:

Браво Едине, браво БиХ“…напиша Новак.

Ова и тоа како наиде а воодушевување кај народот во БиХ, но и кај сите нормални луѓе на овие простори.

Еден е Ноле!

Инаку пријателството меѓу Новак Ѓоковиќ и Един Џеко трае веќе повеќе од една деценија. Големи ѕвезди, фантастични личности.

ПретходноМакедонија во Даблин без Елмас, Барди, Миовски…
СледноБастони и кажа “ДА“ на Барса!