Тимот за кого настапуваше Димитријевиќ, внимателно го следи Јакимовски

140
фото. fiba.basketball

Валенсија внимателно го следи Андреј Јакимовски, според информациите добиени од Спортандо во последните неколку часа.

Македонскиот репрезентативец со своите одлични игри во дресот на Тренто е вистински магнет за европските екипи, а една од нив е Валенсија за која настапуваше Ненад Димитријевиќ.

Јакимовски има уште една година од договорот со Тренто.

Во македонскиот кошаркар се гледа како играч кој може да биде уште еден бисер, кој ќе блесне во дресот на Валенсија, но и во Европа. Јакимовски своите лидерски карактеристики ги покажа и во дресот на Македонија.

ПретходноСите се држеа за глава: Ново ремек дело на Никола Јокиќ (ВИДЕО)
СледноЧоло Симеоне и следната сезона на клупата на Атлетико Мадрид!