Одбојкарите на Штип УГД и трета година едноподруго го освојува трофејот во Купот на Македонија. Вечерва во финалето на Ф4 турнирот во Скопје, избраниците на тренерот Кристиан Ристески славеа во четири сета против предизвикувачот ГОК Борец со 3:1.
ФИНАЛЕ НА КУП НА ОФМ (М):
ШТИП УГД – ГОК БОРЕЦ 3:1 (25:17, 22:25, 32:30, 25:13)
Во првите три сета видовме одлична одбојка и голема борба за секој поен. Првиот сет им припадна на штипјани со 25:17, по што следуваше извонредно враќање на велешани, кои успеаја да одиграа одличен сет и со 25:22 да дојдат до израмнување на 1:1 во сетови.
Најголемите возбудувања публиката во „Јане Сандански“ ги виде во третиот сет. Гледавме долга пресметка на разлика, а откако ГОК Борец не успеа да ја искористи својата шанса, дури во петтата сет-топка Штип УГД дојде до 32:30 за предност од 2:1.
Овој сет како да ги „скрши“ велешани и во последниот сет комплетно паднаа. Штип УГД на крајот го доби четвртиот сет со 25:13 за конечни 3:1.










