Штипска радост: Брегалница со „минималец“ ги освои бодовите против Охрид

157
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial/

Во големото дерби на 22. коло на Втората македонска фудбалска лига, фудбалерите на Брегалница забележаа важната победа против директниот конкурент за пласман во елитата, екипата на Ојрид Лихнидос со 1:0.

Штипските „сини“ ги освоија трите бода со голот на Лука Георгиев, кој испрати еден проектил од далечина во финишот на првиот дел од мечот за водство, кое подоцна се покажа и како клучно за победата на натпреварот.

Охриѓани имаа силен финиш, но не успеаја да дојдат до израмнување. Избраниците на Костов успеаја да се одбранат и да ја сочуваат тешко стакнатата предност. Со овие три бода Брегалница се израмни со Охрид и Шкендија Арачиново на делба на второто место на табелата.

ПретходноАлкалоид лесно го реши Тиквеш, Пелистер според планот кај Бутел
Следно„Диџa“ ќе стартува од пол-позицијата во Остин