Сензационалниот тинејџер славеше во Јапонија и го презеде водството во генералниот пласман!

200

Кими Антонели, 19-годишникот зад воланот на автомобил на Мерцедес Ф1, победи на Големата награда на Јапонија.

Сензационалниот тинејџер славеше на третата трка од сезоната во календарот на Формула 1, откако беше најдобар и на претходната трка, Големата награда на Кина пред две недели.

Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а трет беше Шарл Леклер од Ферари.

Освен стартот на кој падна од водството на шестото место, Антонели имаше совршен викенд во Сузука, прво освојувајќи ги квалификациите, а сега и трката. Тој имаше среќа и со безбедносното возило кое излезе во совршен момент за него кога другите губеа позиции со застанувања во боксот, но тој одлично се справи и ја помина целта пред сите други.

Со втората победа во сезоната и во кариерата, тој го презеде водството во генералниот пласман кај возачите.

ПретходноДенвер не играше, но слави (ВИДЕО)
СледноГРК Охрид на мегдан со Олимпијакос во „пеколна“ атмосфера!