Фото за историја на ГРК Охрид од Атина!

489
ФОТО:.facebook.com/hcohrid

Ракометарите на ГРК Охрид попладнево ја освоија Атина, и тоа како. Во првиот меч од 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп, македонскиот клуб успеа да го победи Олимпијакос со 26:31. По овој резултат се чини дека ГРК Охрид е многу блиску до пласман во полуфинналето. Реваншот за седум дена во Охрид, за четата на стратегот Борис Ројевиќ ќе биде уште еден спектакл на „Билјанини Извори“ за ракометно уживање за цела македонска спортска јавност.

И како по обичај, по една ваква екстра победа, од соблекувалната следуваше фото на ГРК Охрид за историја.

Па, не секој ден се победува Олимпијакос среде Атина.

ПретходноЈакимовски солиден во победата на Тренто на гости кај Венеција
СледноДавид Бабунски: “Се надевав дека ќе стигнам до првиот тим на Барселона“!