“Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн вреди барем…“

216
ФОТО: FC Bayern München/FB

Ули Хенес, долгогодишниот прв човек на Баерн Минхен има свои коментари за тоа како се однесува фудбалскиот пазар во последно време, од аспект на цените на трансферите. И јасно е дека кога нешто Ули ќе каже, тогаш тоа ги обиколува европските медиуми.

Хенес го издвои Хари Кејн, напаѓач кој со години се смета за еден од најдобрите во светот. Тој верува дека неговата вредност честопати не се проценува реално.
Според него, Кејн без сомнение би вредел околу 150 милиони евра. Сепак, тој не застана тука со анализата. Како клучен пример го наведе трансферот на Александар Исак, кој достигна бројка од 150 милиони евра. Токму ова го натера да направи дополнителна споредба.
Хенес отворено рече дека ако Исак е вреден на таков износ, тогаш вредноста на Кејн мора да се гледа поинаку. Со ова, тој индиректно ги критикуваше критериумите на пазарот. Во продолжение, тој беше уште поконкретен. Тој верува дека, под такви околности, цената на Кејн би морала да биде значително повисока.
Ако Исак вреди 150 милиони, тогаш Кејн вреди најмалку 250 милиони евра“, рече тој без двоумење.

Изјавата одекна низ целата фудбалска јавност.

ПретходноРаботнички „прокоцка“ голема победа, МЗТ Скопје го отпиша од плеј-оф (ФОТО)
СледноЛуческу: “Ова беше причината за колабирањето“! Романците добиваат нов селектор!