Денеска во Кавадарци екипите на Тиквеш и Работнички го играат пријателскиот натпрервар во чест на трагично загинатиот поранешен фудбалер, Андреј Лазаров, во минатогодишната трагедија во Кочани.
Дуелот беше најавен однапред и прифатен од се срце, затоа што Лазаров беше дел од двата тима. Играше во Тиквеш, но многу рано пристигна и во Скопје како еден од најквалитетните млади играчи во тоа време.
Лазаров засекогаш ќе остане во срцата на сите љубители на фудбалот во Македонија, а неговото Кавадарци никогаш нема да го заборави.















