Ослабената Минесота беше лесен плен за Детроит (87-109), иако лидерот на Истокот игра и без својот најдобар кошаркар, Кејд Канингем. Минесота така падна на две победи зад Денвер (со еден натпревар помалку) во борбата за четвртото место на Западот пред плејофот.
ДиВиченцо погоди пет тројки, Гобер додаде 14 поени и 12 скока, но лошиот шут скапо ги чинеше Тимбервулвс. Што се однесуван до гостите, примија само 87 поени, Џејлен Дуран ги предводеше гостите со 10 поени и 13 скока.
Најефикасен играч беше ветеранот Тоби Харис со 18 поени, тие ги добија последните девет натпревари по ред, имаат предност пред второпласираниот Бостон.
Милвоки – Сан Антонио 95:127
Минесота. Детроит 87:109
Шарлот – Филаделфија 114:118
Атланта – Сакраменто 123:113
Мемфис – Чикаго 125:124
Финикс – Јута 134:109










