Лапорта: Се чини дека во Шпанија судиите секогаш му помагаат на Реал Мадрид

64

Жоан Лапорта официјално ќе ја преземе функцијата по трет мандат како претседател на Барселона на 1 јули. Откако победи на изборите на 23 март, тој го чека моментот кога повторно ќе ги преземе кормилата на клубот. Во меѓувреме, шефот одговараше на прашања од „Ел Паис“ за неговиот претстоен мандат, како и на некои чувствителни теми од минатото.

Една од нив е заминувањето на Меси…

„Направив што морав. Лео беше на крајот од својата кариера и мораше да се изгради нов тим. Дали би сакал да го изградам новиот тим со помош на Лео? Да. Се обидовме, но не функционираше“. 

Тој говореше и за Реал Мадрид и Флорентино Перез, како и за случајот Негреира.

„Секогаш имав чувство дека мора да бидеме многу подобри од другите бидејќи судиите не ни помагаат. Тука се чини дека тие секогаш му помагаат на Реал Мадрид. Сега критикуваат дека ангажиравме некој што беше потпретседател, додека тие имаа претседатели на судискиот комитет поврзани со Мадрид.

Што се однесува Перез, долго време (не сме разговарале). Откако се појави во случајот Негреира, односите се влошија. Решивме да ја напуштиме Суперлигата поради недостаток на смисла: проектот не се бетонираше, а ние веќе им кажавме. Покрај тоа, УЕФА преземаше мерки за подобрување на одржливоста на фудбалот во Европа“. 

ПретходноСабаленка за време на победничкиот говор прозва навивачка
СледноМоже ли Работнички да ја искористи „ранливоста“ на МЗТ за победа после две години?