Кошаркарскиот тим на Баерн денеска претрпе пораз на гостувањето кај Хамбург со конечни 96-81, но тоа не е информацијата која што нас не засега.
Многу повеќе е важно за нас што македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ се врати на терен по две пропуштени средби поради болки во грбот.
Димитријевиќ денеска имаше симболична минутажа од десетина минути во кои постигна само три поена.
Сепак, најважно што за него паузата е минато и може стопроцентно да се посвети на обврските.










