Одлична вест: Дуелот меѓу Олимпијакос и ГРК Охрид со директен пренос на МРТ3

401
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

Екипата на ГРК Охрид денеска (16 часот) во Атина го игра првиот четвртфинален натпревар во ЕХФ Европскиот Куп. Противник на македонскиот тим е Олимпијакос, кој ќе биде прв посериозен тест во битката до пехарот, кој минатата сезона му припадна на Алкалоид.

Двата клуба се договорија, мечевите да се играат без гостински навивачи, а фановите на ГРК Охрид, но и ракометната јавност оваа средба ќе можат да ја проследат на МРТ 3.

ПретходноЛегендарниот Луческу имал срцев удар на тренинг, пред последниот меч во кариерата!
СледноНевиден сеир на сметка на Американците за списокот на играчи кои ќе настапат на СП