Големиот српски кошаркарски талент Андреј Стојаковиќ, синот на легендарниот Предраг Стојаковиќ и официјално доби покана да игра за кошаркарската репрезенатција на Грција.
Стојаковиќ јуниор кој што во моментов е дел од колеџ кошаркарската екипа на Илиноис во САД има двојно државјанство, српско и грчко. Тој е роден во Солун, неговата мајка е гркиња. Аналогно на тоа Грција има легитимно право да се надева на него како засилување во репрезентацијата.
Грците поитаа во оваа намера и генералниот менаџер на репрезентацијата, Никос Зизис, лично заминал во САД да му ја врачи поканата за настап. И тоа веќе следното лето, кога Грција ќе игра против Романија и Португалија.
За што ќе се одлучи младиот Стојаковиќ кој веќе три години е на колеџ во САД останува да видиме.










