Синот на Касиљас во солзи, голманот на Барса го теши! (ВИДЕО)

235
ФОТО: printscreen

Момент кој уште еднаш покажа и докажа дека фудбалот треба да биде само игра. Младиот голман на Барселона, Тео Родригез, покажа што значи вистински спортски дух откако го утеши Мартин Касиљас од Реал Мадрид откако „белите“ беа елиминирани од турнирот „ЛаЛига ФК Фјучрс“.
Младинскиот фудбал често ни нуди моменти кои одат подалеку од чисто спортски резултати и нè потсетуваат на вистинското значење на играта. Токму ова се случи по завршувањето на таканареченото „мини Ел Класико“ помеѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид на турнирот „ЛаЛига ФК Фјучрс“.

Извонреден гест на спортски дух ги обиколи социјалните мрежи и го освои восхитот на целиот фудбалски свет. Откако се огласи последниот свиреж, со кој официјално се означи елиминирањето на „Кралевите“ од натпреварувањето, камерите забележаа исклучително сцена. Младиот голман на Каталонците, Тео Родригез, не се предаде веднаш на радоста од победата, туку наместо тоа отиде директно кај својот колега под голот на Реал Мадрид – Мартин Касиљас. Синот на легендарниот шпански голман Икер Касиљас беше видливо скршен од поразот. Прекрасната сцена на теренот не заврши со двајцата голмани. Инспирирани од потегот на нивниот соиграч, неколку други играчи на Барселона се придружија на гестот. Тие им пристапија на играчите на Реал Мадрид за да им честитаат и да покажат почит по натпреварот кој традиционално е исполнет со огромна тензија.

Браво, секоја чест!

ПретходноЛуческу: “Ова беше причината за колабирањето“! Романците добиваат нов селектор!
СледноНикој ништо не му може: Бецеки победник и во Остин!