Македонската фудбалска репрезентација во вторник со почеток од 20:45 часот ќе го одигра пријателскиот меч во Даблин против репрезентацијата на Ирска. По поразот во бараж дуелот од Данска во Копенхаген, распоредот не однесе во Ирска, која што пак загуби од Чешка во својот дуел за евентуален пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Па така, нашиот национален тим ќе има можност за каква таква рехабилитација, на дуел кој нема резултатско значење.
УЕФА ги одреди пак судиите кои што ќе ја делат правдата на овој меч, а тоа е судиска тројка од Велс.
Иван Арвел Грифин е главен судија, додека ќе му помагаат, Џонатон Брајант и Хери Хендрикс.










