Тиквеш со екстра победа среде Битола!

140

Изненадување или не? Кошаркарите на Тиквеш во претпоследното коло славеа на гости кај КК Пелистер со 82:88.

Оваа победа е екстра победа за кавадарчани во битката за пласман во плејофот. Во последното коло од регуларниот дел игра дома со ТФТ, значи Тиквеш и тоа како има шанси да се најде во плејофот во тековната сезона во кошаркарската Суперлига на Македонија.

Пелистер ја доби првата четвртина со 24:20, јасно беше дека не се наговестуваше пораз на домашните, но се беше решено во последниот период, во последната четвтртина која гостите од Кавадарци одиграа одлично и ја добија со 15:26. Се виде дека пелстерци немаат таков мотив каков што имаа кошаркарите на Тиквеш.

Победата за кавадарчани дојде благодарение на Прсонс и Хоукинс кои запишаа по 21 и 20 поени.Додека кај домашните Вилсон и Митревски мечот го завршија со по 15 поени.

Претходно„Земјотрес“ во Ф1: Верстапен сериозно размислува за повлекување!
СледноМакедонец ќе биде делегат на историскиот меч Косово – Турција!