Македонската фудбалска репрезентација ги загуби шансите за пласман на СП 2026. Поразот во Копенхаген од Данска со 4:0 и натаму е топ – тема во нашата спортска јавност, но сепак тоа е минато. Нашите репрезентативци отпатуваа во Р.Ирска, каде во вторник во Даблин играме резултатски нецважен меч со оваа селекција.
Стоперот Ѓоко Зајков има свое видување:
“Данска, навистина квалитетен противник. Се боревме во првото полувреме добро, пробувавме сега каде што можеме да затвориме. За жал во второто полувреме пад на концентрацијата, примивме гол. Сега од овој аспект после анализа направена и размислување, имаше неочекуван пад после првиот гол. Јасно е дека треба да се фокусираме на тие моменти, кога ќе примиме гол да не паѓаме како екипа, туку да пробаме да се издигнеме. Ќе пробаме тоа да го решиме во иднина“ констатираше дефанзивецот.
Како против .Ирска?
„Се спремаме за мечот со Р.Ирска. Не постои пријателски натпревар, секој натпревар треба да го играме за да победи. Да се надигруваме со сите како што досега сме го правеле во минатото и да покажеме добра игра. Многу важно за психолошкиот дел на играчите е да дадеме се од себе, да се направи добар резултат и што побрзо да се заборави Данска. Само така може да се издигнеме нагоре и на наредните собири и квалификации да изгледаме подобро“ истакна Зајков.










