Македонската фудбалска репрезентација полета за Даблин, каде што во вторник со почеток од 20:45 ќе го одигра пријателскиот дуел против домаќинот Ирска. Денеска нашите „национали“ полетаа во попладневниот термин со чартер лет, и без оптоварување резултатско или било какво поинакво ќе излезат на мегдан против поразениот од вториот бараж дуел кој што се одигра во Прага помеѓу Чешка и Ирска.
Како што е добро познато, Македонија го загуби својот дел од баражот за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето, против Данска во Копенхаген со 4:0, а па овој дуел во Даблин доаѓа само како утешна награда и дуел за подобруваање на атмосферата што се вели.
Македонија дефинитивно патува во Даблин без Бојан Миовски и Александар Трајковски. Миовски на барање на неговиот клуб Ренџерс беше ослободен од обврските, додека пак Александар Трајковски во меѓувреме се откажа од репрезентацијата.










