МКК Куманово го победи Кожув и уште е во игра за плејофот!

51

Кошаркарите на Куманово вечерва во својата сала во Куманово, во меч од 21.коло во Суперлигата, успеаја да слават против Кожув со 89:82.

Ова е исклучително важна победа за кумановци која ги остава во игра за пласман во плејофот, во следното коло и последно од регуларниот дел, играат на гости кај Работнички.

Сега МКК Куманово има 31 бод, и е на делба на шестата позција на табелата. Се знае дека во плејофот одат првите шестпласирани екипи.

Не беше лесно за МКК Куманово да дојде до оваа победа ако се знае дека гостите од Гевгелја подобро го отворија мечот и ја добија првата четвтртина со 24:32. Сепак во втората домашните кошаркари заиграа многи подобро, ја стегнаа одбраната и овој период го добија со +12 поени па така на пауза заминаа со +4.

Во “второто полувреме“ гостите се обидоа да се наметнат, но сепак кошаркарите на МКК Куманово знаеја што треба да сторат за да дојдат до победата која испадна дека е апсолутно заслужена.

Најефикасен во домашниот табор беше Стевановиќ кој мечот го заврши со 30 поени, следуваше Димитриевски со 18, па Луковиќ со 17. Кај гостите од Гевгелија најефикасен беше Боувен со 20 поени.

ПретходноЗајков: Не постои пријателски натпревар, на секој треба да играме за да победиме!
Следно„Земјотрес“ во Ф1: Верстапен сериозно размислува за повлекување!