Може ли Работнички да ја искористи „ранливоста“ на МЗТ за победа после две години?

75
Фото: КФСМ

Денеска во Спортскиот центар „Јане Сандански“ (19 часот/МРТ) ќе играат вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички.

Актуелниот првак после поразот од Кожув на гостински терен ќе се обиде без неколу важни, репрезентативни играчи како Војдан Стојановски, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко да се врати на победничките патеки. Овој момент може да биде добредојден за „црвено-белите“ за да запишат триумф против градскиот ривал после долго време. Последен пат тимот од „Градски Парк“ славеше во јануари 2024 година. Бодовите за Работнички се исклучително важни во однос на место погоре на првенствената табела се наоѓа на десетото место и има шанси да го прескокне Феникс.

На останатитр средби Пелистер го пречекува Тиквеш (18.30 часот), во последниот домашен меч што битолскиот клуб ќе го игра во рамките на Супер-лигата, во пресрет на разигрувањето во плејофот.

„Зелено-белите“ го кренаа нивото на игра од почетокот на 2026 година, имаат само два пораза (на гостувањата со МЗТ Скопје и ТФТ), додека на домашен терен делуваат и повеќе од импресивно.

„Тиквеш е квалитетен противник кој игра во особено добра форма на последните натпревари. Она што треба да сториме е да одиграме агресивна одбрана и да го контролираме дефанзивниот скок. Верувам дека во нападот поседуваме квалитет за да ја завршиме работата, но важно ќе биде да бидеме на висина на задачата и во одбраната“, вели Андреј Митревски, македонскиот репрезентативец во редовите на Пелистер.

Покрај оваа средба денеска ќе има уште еден дерби меч помеѓу Куманово и Кожув, кој стартува во 18 часот.

 

ПретходноЛапорта: Се чини дека во Шпанија судиите секогаш му помагаат на Реал Мадрид
СледноПелистер го завери Хенигман и за следната сезона!