Марко Бецеки како Валентино Роси и Марк Маркез. Трета трка во Мото ГП сезонава и трета победа на Бецеки и тоа на патеката во Остин за ГН на САД. Фантастично, едноставно никој ништо не му може барем во овој дел од сезоната. Италијанецот на Априља е фантастичен.
На подиумот му се придружија Хорхе Мартин и Педро Акоста. Победата на Априлија беше целосна во Остин вечерва.
Педро Акоста имаше одличен старт и се проби до првото место уште на стартот, а брилијантно го следеа Марко Бецеки, кој не изгледаше како да е казнет, и Хорхе Мартин. Најголем „губитник“ на стартот беше Франческо Бањаја, кој падна на шестото место.
Во текот на целата трка Бецеки знаеше како треба. А сите останати водеа голема борба за што подобар пласман. Супер интересна трка.
Инаку ова е конечниот пласман на првите десет:
Бецеки, Мартин, Акоста, Ди Џанантонио, М. Маркез, Бастианини, А. Маркез, Бањаја, Марини, Фернандез.
Следната трка е на 24 април и пристигнувањето на караванот на Мото ГП во Шпанија.










