Оваа Франција покажува сила: Дуе и Турам ја “средија“ и Колумбија!

130
ФОТО:facebook.com/equipedefrance/

На помалку од три месеци до Мундијалот, се чини дека Франција и дефинитивно може да се вброи во ТОП 3 селекции кои се фаворити за освојување на титулата. Вечерва во Ландовер – Мериленд (САД), во пријателски меч, избраниците на селекторот Дидие Дешамп ја победи Колумбија со 3:1 и ова беше нивна втора победа на оваа турнеја откако пред три дена беше совладан и Бразил.

Франција вечерва настапи без неколкумина стандардни првотимци, почна и без Килијан Мбапе, кој ги одигра само последните 15-тина минути, но затоа тука беа Дуе со два гола и Турам да покажат кој е кој и на овој меч.

Колумбија дури во финишот со голот на Кампаз успеа да го ублажи поразот на 3:1.

Нема што, оваа Франција е моќна, моќна. Просто им тера страв во коски на ривалите. Сепак да почекаме на Мундијалот, сосема на поинаков начин се игра на СП.

ПретходноНикој ништо не му може: Бецеки победник и во Остин!