Пелистер го завери Хенигман и за следната сезона!

121
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер и следната сезона ќе се потпре на словенечката класа и професионалност на Ник Хенигман. Клубот потпиша продолжување на договорот со левиот бек за сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.

„Во Хенигман гледаме харизматична додадена вредност на нашиот ростер и, иако во нашиот клуб е само една сезона, чувствуваме како долго да сме заедно“, рекоа од таборот на македонскиот првак.

Хенигман дојде во Битола минатото лето, го освои Суперкупот на Македонија, играше во континуитет во Суперлигата и Лигата на шампионите, а во меѓувреме е незаменлив и во словенечката репрезентација.

Пред да дојде во Македонија, Хенигман играше за Рибница (Словенија), ПИК Сегед (Унгарија) и Сант Рафаел и Шамбери (Франција).

ПретходноМоже ли Работнички да ја искористи „ранливоста“ на МЗТ за победа после две години?
СледноЛегендарниот Луческу имал срцев удар на тренинг, пред последниот меч во кариерата!