Полуфиналето е реалност: Пилиповиќ ја спушти „ролетната“, ГРК Охрид ја освои Атина!

283

ГРК Охрид со победа се враќа од гостувањето кај Олимпијакос во првиот четвртфинален натпревар во ЕХФ Европскиот Куп, откако среде Атина славеше со 26-31 (10-15). Избраниците на Борис Ројевиќ се на чекор до полуфиналето, останува на домашен терен да го одбранат овој резултат. Најголемата позитива која ја имаа охриѓани беше шест гола.

Пилиповиќ беше една од главните причини за победата на охриѓани, запиша 16 одбрани. Лиапис постигна седум гола, исто колку и Иванковиќ.

Охриѓани го отворија мечот со 1-3, ова водство го имаа на стартот на 10-та минута со голот на Ојлески (4-6). На голот на македонскиот тим одличен беше Пилиповиќ, кој до средината на првото полувреме имаше четири одбрани, две од седум метри. На стартот на 20-та минута, ГРК Охрид со голот на Стрмјан поведе со 7-10. Пилиповиќ со три одбрани во низа беше причината за да нашиот тим дојде на плус шест (8-14) во 28-та минута. На одморот резултатот беше 10-15.

Пилиповиќ продолжи со добрите одбрани, го спречи Олимпијакос при 11-16 и играч повеќе на теренот да релизира пенал, но за жал неговиот тим не го искористи тоа. Па домаќинот успеа да дојде на 13-16, но македонскиот тим не доволи резултатот да се промени, во 45 минута водеа со 18-23.

ГРК Охрид цврсто чекореше кон победата, одржуваше позитива од пет гола, се до 55. минута кога противникот успеа да дојде на минус три (24-27). Ројевиќ повика тајм-аут, Прибетиќ веднаш одговори (24-28). Охриѓани на минута до крајот поведоа со 25-30 и успеаја да ја сочуваат оваа разлика пред реваншот кој се игра на 4. април.

ПретходноНено се врати на терен во поразот на Баерн
СледноАлекс, засекогаш ќе бидеш – Херојот од Палермо!