Сабаленка за време на победничкиот говор прозва навивачка

215
Фото: x.com/MiamiOpen

Арина Сабаленка го освои Мајами, но по финалето имаше што да му каже на гледачот кој ја изнервира за време на натпреварот. Белорусинката ја победи Коко Гоф со 6-2, 4-6, 6-3 во финалето, со што ја одбрани титулата и го комплетираше Саншајн Дабл. Сепак, еден момент од третиот сет особено ѝ остана во сеќавање.

Со резултатот 3-2, за време на ралито, една навивачка извика „аут“, што предизвика реакција од судијата, но и од Сабаленка, која реагираше бурно и доби опомена.

Веднаш по натпреварот, за време на нејзиниот победнички говор, таа одлучи директно да ѝ се обрати – но и да ѝ се извини за нејзината реакција.

„Не знам каде си… Таа дама што извика, која „навиваше“ топката да биде аут. Не требаше да реагирам така, но ајде… не можеш да го правиш тоа, знаеш? Ајде да се согласиме дека заедно направивме грешка, се извинувам.“

Таа не криеше дека ситуацијата ја налутила, дури и во интервјуто по натпреварот.

„Во еден момент се налутив малку, дефинитивно не сум горда на она што го кажав! Но, ајде, не може да го правите тоа.“

ПретходноРеал Мадрид е потресен од финансиски проблеми
СледноЛапорта: Се чини дека во Шпанија судиите секогаш му помагаат на Реал Мадрид