Во очекување на дербито со Охрид во домашното првенство, од РК Вардар денеска објавија дека влезот во салата „Јане Сандански“ ќе биде слободен.
„На 2 април, во 18:30 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, не очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН ЗА СИТЕ! Ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја поддршка и од полни трибини. Вардар се бори за враќање на титулата во Скопје, а токму ваквите натпревари се оние што ја прават разликата. Да ја наполниме салата. Да создадеме атмосфера каква што само Вардар знае“, порачаа од клубот.










