Македонскиот интернационален ФИФА судија, Игор Стојчевски утре ќе биде делител на правдата на квалификацискиот дуел помеѓу репрезентациите на Португалија и Шкотска до 21. година.
Стојчевски патува за Португалија, заедно со помошниците, Гоце Петрески и Давор Јовчевски, а четврти судија е Бењамин Ќерими.
Мечот се игра на стадионотЕстадио Антонио Коимбра да Мота во Есторил.
Македонските судии се повеќе се присутни на европските мечеви, што е само доказ за нивниот квалитет.










