Легендата на англиската репрезентација стана тренер во петта лига

87
фото: wokingfc.co.uk

Некогашната ѕвезда на англиската фудбалска репрезентација, Џермејн Дефо, седнува на клупата на англискиот петтолигаш, Вокинг. Клубот синоќа го објави назначувањето на поранешниот напаѓач на „Гордиот Албион“ за нов главен тренер на клубот.

Клубот е на 11-то место во 5-та лига на Англија.

„Вокинг е историски клуб со огромен потенцијал и возбуден сум што сум дел од овој возбудлив проект. Едвај чекам да започнам“, изјавил Дефо.

Дефо претходно работеше во академијата на Тотенхем, а пред тоа беше играч-тренер во Ренџерс во тренерскиот штаб на Стивен Џерард.

ПретходноЕден навивач загина на отворањето на новата „Ацтека“ во Мексико
СледноБрестовац го крена шампионскиот пехар во Катар