МВР: Приведени се тројца фанови на вчерашниот меч МЗТ Скопје – Работнички!

117

Вчера во салата “Јане Сандански“ во Скопје се одигра дербито од 21.коло во кошаркарската Суперлига меѓу МЗТ Скопје и Работнички. По многу неизвесност, сепак победи домашниот состав. На трибините имаше фанови од двата клуба, ама сепак не минало се идеално.

За ова говори соопштението на МВР во кое се вели дека биле приведени тројца навивачи:

На 29.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, каде се одржувал кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички-Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Н.(45), Ф.С.(18) и А.В.(46), сите од Скопје, затоа што Д.Н. и А.В. фрлале предмети во салата, а Ф.С. носел „пејпер“ спреј. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат прекршочни пријави од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортски натпревари“се вели во соопштението на МВР.

ПретходноФуксе Берлин е последната пречка за младиот тим на Пелистер за Ф4!
Следно“Гатузо е нашата најголема шанса, тој ништо не знае!“