Во пресрет на утрешниот меч со Р.Ирска, кој секако дека важи за пријателски, селекторот Гоце Седлоски одржа прес – конференција. Тој посочи покрај другото дека по оној болен пораз од Данска со 4:0, со кој ги загубивме шансите за пласман на СП, репрезентацијата е подготвена за надигрување со домашната селекција на Р.Ирска, пред се од психолошки аспект:
„Јасно е дека поразите болат. После еден таков натпревар важен против Данска, кој навистина боли, сега ситуацијата се смири, атмосферата е добра. Во текот на изминатите денови трениравме добро. Верувам дека играчите ќе дадат се за да дојдеме до позитивен резултат. Мора да нагласам дека е тешко после оној пораз со Данска, но мотивацијата кај играчите мора да биде секогаш на високо ниво
кога се игра за репрезентацијата. Добро го анализиравме тој меч, ги знаеме грешките и ќе се обидеме да ги поправиме“ посочи селекторот и продолжи:
“Бараме нов карактер и нов обид за позитивно издание. Ќе имаме неколку измени во однос на стартерите, ќе смениме на неколку нови позиции, но нема да има и многу промени. Се договоривме да има осум замени, така да сигурно многу повеќе играчи ќе добијат шанса“. заврши Седлоски










