Утре во Даблин се игра најскапиот „небитен“ натпревар

907

Распродаден е капацитетот на „Авива“, стадионот во Даблин за утрешниот фудбалски натпревар на домашната Република Ирска со Македонија. Дуелот на „лузерите“ кој почнува од 20:45 часот, домашната јавност го прогласи за најскапиот небитен натпревар, натпревар кој е далеку и од пријателски а кој ќе се одигра во оваа земја.

Вкупно 51.711 гледачи е капацитетот на националниот стадион во Даблин кој за домашните навивачи требаше да биде пшразник, финале и борба на нивната селекција за место на мундијалот. Цените по 175 евра по билет ќе донесат на касата на федерацијата околу 9.000.000 евра или иста сума која ФИФА ја плаќа на секој од учесниците кој обезбедува пласман на завршницата.

„Дуел на две коли после една тешка сообраќајна несреќа“, беше кусиот вовед на селекторот Хеимир Халгримсон како вовед во она што ќе се одигра утре во Даблин каде ќе се сретнат неговата Република Ирска и нашата Македонија.

Ирската јавност сепак очекува празни места и многумина кои сакаат да ги препродадат билетите, многумина кои се разочарани…

„Можеби сте платиле 175 евра за билет, можеби треба да патувате 100, 200 или 300 километри од Корк, но сетете се дека Македонија патува 3,037 километри за овој неважен натпревар во Даблин“, најавуваат медиумите како апол до навивачите да дојдат утре на стадионот и со исполнети трибини да ги наградат фудбалерите за големата битка во Прага и несреќната елиминација од Чешка преку пеналите иако имаа 0:2 водство во текот на првиот дел. А Македонија си загуби убедливо со 4:0 и разочарување тука речиси и да нема. Сите се соочени со реалноста…

ПретходноПилиповиќ: Горд сум на оваа победа во Грција, но ова беше само прво полувреме
СледноВардар ги отвора вратите на „Јане Сандански“ за дербито со Охрид