Халгримсон: Нема да менуваме многу, сакаме добра игра и поволен резултат

151

Репрезентацијата на Ирска е нашиот утрешен противник во пријателскиот меч во Даблин кој што е „последица“ што се вели на поразот и наш и на противникот во бараж дуелите за пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Македонија веќе е во Даблин од вчера, а утрешниот дуел се игра до 20:45. Нашиот состав вечерва ќе го има официјалниот тренинг и прес конференцијата, а противникот веќе ја обави таа обврска.

Ирците немаат намера премногу да менуваат во составот и да експериментираат, туку напротив, сакаат утре да прикажат добра игра и да обезбедат добар резултат.

Ирска ќе биде без Роби Брејди утре вечер поради повреда на тетивата, додека Сами Шмодикс и Џек Тејлор исто така не се достапни. Крилниот напаѓач на Портсмут, Миленик Али, е повикан во тимот за прв пат, иако селекторот Халгримсон е смирен во врска со неговите изгледи за деби утре вечер. Лиам Скејлс и Босун Лавал ја одлежаа суспензијата на дуелот со Чешка.

„Ова е можност да им се даде шанса на играчите утре. Многу од нив имаат огромна жечба да се најдат на теренот и да покажат што можат, ние бевме доста доследни во изборот на тимот. Значи, ова е можност, но не би очекувал многу промени, сакам овие играчи да играат и да продолжат да се снаоѓаат добро и да растат“ – рече селекторот на Ирска, Хеимир Халгримсон.

ПретходноАнгличанец ја продава куќата за 430.000 евра само да ја гледа својата репрезентација на Мундијалот!
СледноДвајца македонски пинг-понгари на светски тренинг камп во Луксембург