Македонскиот тренер Данило Брестовац, викендов и официјално е крунисан за шампион на Катар. Тој го крена шампионскиот пехар со екипата на Ал Араби, откако во средата, на едно коло до крајот на првенството го резервираа првото место.
Ова е нов пехар за Брестовац во тренерската кариера и шанса за нови трофеи во следниот период.

Во Катар продолжуваат првенствата и покрај сите случувања во регионот. Следно за тимот на Брестовац е завршницата на купот, каде екипата на Ал Араби еден од главните фаворити и во тоа натпреварување.










