ГРК Охрид во обид да ангажира интернационалец од Србија

175

Екипата на ГРК Охрид деновиве е центар на внимание во ракометните македонски кулоари. По екстра победата над Олимпијаков во Атина и сега веќе огромните шанси да се влезе во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, охриѓани се обидуваат на што е можно посериозен начин да го засилат својот тим.

По  Доминик Мате и Дино Славиќ кои што се веќе потврдени како новитети за следната сезона, од Охрид сега пристигнува и онформацијата, дека на радарот е и во моментов играчот на белградски Партизан, Никола Зечевиќ.

Тој игра на позицијата лев бек, а дали неговиот трансфер ќе се реализира во следниот период останува да видиме.

 

ПретходноДвајца македонски пинг-понгари на светски тренинг камп во Луксембург
СледноПресврт на околностите во Лондон: Тотенхем и Де Зерби блиску до договор