Македонските пинг-понгари Матеја Смолиќ и Филип Цековски денес го започнуваат учеството на меѓународен тренинг камп во Луксембург под водство на Жанг Јининг, која својата кариера ја заврши во 2009-та година по 6 години непрекинат „престој“ на првото место на светската ранг листа. Младите пинг-понгари ќе ги води селекторот Сашо Богатинов, а кампот трае до 6 април.
Учеството на кампот е дел од соработката меѓу Пингпонгарската федерација на Македонија со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија, а во рамки на China Table Tennis College.
Овој настан означува продлабочување на соработката со Амбасадата на НР Кина и отворање на повеќе можности за младите и клубовите.










