Познат е скратениот список на селекторот Грчевски за ЕХФ неделата

61

Кристијан Грчевски, селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија го објави скратениот список на ракометарки на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела за подготовка и настап за квалификациски натпревари со репрезентацијата на Германија и Словенија во рамки на Qualifiers for the WOMEN’S EHF EURO 2026 Phases 5 and 6.

За разлика од минатиот пат, на списокот не се наоѓа Ивана Арсениевска, која е повредена, а на списокот се најде Сара Стефаноска, која го одигра вториот меч со Белгија.

Сара Ристовска сеуште се опоравува од повредата.

Собирот ќе се одржи на 06.04.2026 (понеделник) во Хотел Александар Палас – Скопје во 09:30 часот.

Македонија е во трка за пласман на Европското првенство во Полска, Чешка, Словачка, Романија и Турција.

 

ПретходноПроблем за Германија: За Нмеча заврши сезоната и Мундијалот!?
СледноНовак во живо ќе го гледа бараж дуелот Босна – Италија