Проблем за Германија: За Нмеча заврши сезоната и Мундијалот!?

31

Феликс Нмеча сезонава е стандарден во тимот на Борусија Дортмунд и е дел од националниот состав на Германија, но во моментов има огромни проблеми. Има поведа на лигаментите на коленото, нешто што ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната, автоматски и од Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, останува оптимист на оваа тема, но даде реална проценка на ситуацијата.

„Тежината на повредата е позната. Нема сомнение дека постои ризик тој да не може да игра на Светското првенство. Неговото отсуство би било огромна загуба.“ – изјави Нагелсман. 

ПретходноПо седум години конечно заврши случајот на трагично загинатиот Емилиано Сала
СледноПознат е скратениот список на селекторот Грчевски за ЕХФ неделата