Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву.
Натпреварот на „MHPArena“ започна со огромен притисок на домаќините, со ударот на Ник Волтемаде кој заврши покрај голот во 4-тата минута, а Флоријан Вирц ја погоди левата статива од слободен удар две минути подоцна. Во 33-тата минута, Флоријан Вирц ја затресе мрежата на гостите, но голот беше поништен поради офсајд.
Во првото полувреме од продолжението, судијата Стјуарт Атвел досуди пенал за „Панерите“ по реакцијата на ВАР.
Каи Хаверц го изведе пеналот во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме за 1:0.
Во 53.минута и Волтемаде ја погоди стативата. Осум минути по почетокот на второто полувреме. Десет минути и гостите ја погодија стативата.
Сепак Гана израмни во 70.минута со голот на Исак Фатаву. Да не заврши мечот без победник се погрижи Ундав во 88.минута за победа на Германија од 2:1, откако му асистираше Сане.










