БиХ е во еуфорија. Селекцијата на оваа земја ја делат само 90 минути или еден меч од учество на СП. Един Џеко и другарите утре треба да слават дома со Италија во Зеница. Во случај да биде така тогаш Италија по третпат во низа нема да игра на СП, а за БиХ тоа ќе биде второ учесто на еден Мундијал по оној во Бразил 2014.
Јасно е дека сега сите нешто што значат во тамошниот фудбал сакаат да кажат нешто, но секако дека најуренебесен коментарот на Никола Никиќ, легендарниот напаѓач на Железничар од средината 80-тите години од минатиот век:
“Нашата најголема шанса е Гатузо. Не мислам дека тој знае нешто. Тој беше добар играч, се бореше како лав, но не знам што гледам. Хајдук го водеше, не знам, мислам дека тој е нашата најголема шанса. Тој нема да знае како да ја постави играта, а потоа ние едноставно ќе ги победиме“ изјави Никиќ.










