Голем успех на младите ракометари од Битола: Младинците на Е.Пелистер на чекор од Ф4 во Лигата на Шампионите

193

Младинската екипа на тимот на Еурофарм Пелистер, по многу борба и во исклучително неизвесен натпревар, го доби дуелот со данскиот Алборг со минимални 24:23, и на тој начин мина во следната фаза од најјелитното младинско клипско натпреварување.

Битолчани сега го чекаат победникот од дуелот помеѓу Загреб и Фуксе Берлин за пласман во завршницата на најелитното европско клупско натпреварување, односно ФК турнирот од Лигата на шампионите.

Е.Пелистер имаше и пет гола предност на овој меч но противникот е и повеќе од квалитетен состав, па на крајот успеа да стигне до трилер завршница. На само гол предност за Е.Пелистер, Алборг имаше напад, но тппката заврши во аут на три секунди до крајот, па славјето за битолчани можеше да започне.

Георгиев беше стрелец на 12 голови, половина од сите на битолчани, пет даде Симоновски, додека по два пати погодија Василевски, Велјановски и Спировски, а еднаш стрелаше Мијалчев. Голманот Мацанковски запиша 13 интервенции, меѓу кои и три пенали.

ПретходноИгор Стојчевски главен на У21 дуелот помеѓу Португалија и Шкотска
СледноАнгличанец ја продава куќата за 430.000 евра само да ја гледа својата репрезентација на Мундијалот!