Дајч прифатил да го преземе Тотенхем, но бара договор на најмалку 18 месеци

134

Според Би-Би-Си, Шон Дајч прифатил да седне на кормилото во екипата на Тотенхем, но побарал договор со важност од најмалку 18 месеци. Тотенхем е во криза, а сега клубот бара и тренер по отпуштањето на Игор Тудор. Би-Би-Си последователно објави дека Спарс имаат на нишан двајца кандидати. Во неделата вечерта беше објавено дека англискиот клуб го контактирал Роберто Де Зерби во обид да го ангажира веднаш, а во исто време, клубот разоварал и со Шон Дајч.

Игор Тудор издржа само 44 дена на функцијата главен тренер на Тотенхем, кој беше во криза, пред страните да се разделат. Ова резултираше со пет порази, едно реми и само една победа.

ПретходноБрестовац го крена шампионскиот пехар во Катар
СледноЖКК Гевгелија е нов прволигаш!