Игор Стојчевски главен на У21 дуелот помеѓу Португалија и Шкотска

56

Македонскиот интернационален ФИФА судија, Игор Стојчевски утре ќе биде делител на правдата на квалификацискиот дуел помеѓу репрезентациите на Португалија и Шкотска до 21. година.

Стојчевски патува за Португалија, заедно со помошниците, Гоце Петрески и Давор Јовчевски, а четврти судија е Бењамин Ќерими.

Мечот се игра на стадионотЕстадио Антонио Коимбра да Мота во Есторил.

Македонските судии се повеќе се присутни на европските мечеви, што е само доказ за нивниот квалитет.

 

ПретходноЖКК Гевгелија е нов прволигаш!
СледноГолем успех на младите ракометари од Битола: Младинците на Е.Пелистер на чекор од Ф4 во Лигата на Шампионите