Софијановски: “Против Ерменија одиме на победа“

79
ФОТО: FFM.MK

Репрезентацијата до 21 година утре против Ерменија ќе го одигра осмиот натпревар од овој цикус на квалификации за Европското првенство.

Утрешниот противник е единствениот кој до овој момент успеавме да го совладаме, а избраниците на селекторот Горан Станиќ најавуваат дека во Ереван ќе го забележат и вториот триумф.

На дуелот против Ерменците одиме да освоиме три бода. Верувам дека целта може да ја исполниме. Сите фудбалери се подготвени да го дадат максимумот и ќе одиграме на највисоко ниво. Натпреварот со Италија беше огромно искуство за сите нас, тоа е репрезентација што се бори за првото место во групата и е фаворит за највисоката позиција. Сметам дека можеме да ја совладаме Ерменија, но мораме да ги отстраниме сите недостатоци што ги покажавме на мечот во со Италија, особено индивидуалните грешки да ги сведеме на минимум”, изјави Матео Софијановски.

Натпреварот што ќе одигра на теренот во тренинг центарот на националната асоцијација во Ереван почнува 15 часот.

ПретходноНовак во живо ќе го гледа бараж дуелот Босна – Италија
СледноФуксе Берлин е последната пречка за младиот тим на Пелистер за Ф4!