Да освоиме што е можно повеќе бодови до крајот

85

Македонската репрезентација до 21. година денеска од 15:00 часот во Ереван, Ерменија го игра квалификацискиот дуел од тековната кампања.

Нашиот национален тим во овој квалификациски прозорец, веќе одигра еден меч на гости во Емполи, Италија, каде што загубивме со 4:0.

Сега, одиме да ја поправиме работата што се вели и да одиграме добар меч во кој ќе освоиме бодови.

Секако дека нема да биде лесно, затоа што Ерменија е квалитетен ривал. Ние досега во оваа група имаме освоено само три бода и тоа токму против овој противник во победата во Битола од 2:1.

Македонија во моментов е петта со три поени од седум меча, додека пак Ерменија засеха нема освоено ниту еден бод, и е последна на табелата.

 

ПретходноТајната на успехот на Дончиќ: Колку килограми ослабе Лука во Лос Анџелес?
СледноУште ќе сонуваме за Мундијал, нашата реалност е “пријателска“ вечерва во Даблин!