Игор Џамбазов стана претседател на ФК Дојранско Езеро

233
фото: sportskamreza.mk

Фудбалскиот клуб Дојранско Езеро кој е член на Третата лига – Исток, денеска доби ново раководство. На претседателското место ќе седне, големиот македонски шоумен, Игор Џамбазов.

Од клубот ја потврдија соработката која треба да дојде до унапредување на клубот и негово враќање најпрво во второлигашката конкуренција. Покрај Џамбазов во клупската управа влегуваат и Мишел Истатов, син на легендарниот Благој Истатов, како и Кирил Изов, кој сега е селектор на младинската женска фудбалска репрезентација и Дине Бојаџиев.

 

ПретходноСпоред “Марка“: Флик го убедил Бастони за трансфер во Барса!
СледноХристов ќе суди полуфинале во ЦЕВ Купот