Кога Тренталанџе беше “главен“: Македонија само со една победа против Р. Ирска!(ВИДЕО)

408

Вечерва на „Авива“ стадионот во Даблин, со почеток од 20:45 часот ќе се одигра набесмислениот меч на Македонија во нејзината историја. Ќе играме со Р.Ирска пријателски меч без никакво значење. Сепак, такви се правилата за баражите на УЕФА и тоа мора да се одработи.

Кога сме кај дуелите со Р.Ирска, досега Македонија во својата историја одиграла шест, сите квалификациски, и имаме само една победа, едно реми и четири порази. Значи не ни оди со Ирците и дефинитивно.

Единствената победа ја имаме во меч од квалификациите за СП 1998 во групата -8, на 2 април 1997 година во Скопје кога беше 3:2.

Интересно што “главен“ на тој меч беше италијанскиот судија Алфредо Тренталанџе, со оглед на тоа дека досуди два пенали во корист на Македонија. И двата Митко Стојковски ги претвори во голови, во 28. и 44.минута. Претходно во 8.минута МекЛахлин донесе водство на гостите од 0:1. На 3:1 во 59.минута зголеми Христов а Кели во 78.минута ги постави конечните 3:2.

По мечот гостите од Р.Ирска и тоа како реагираа на судењето на Тренталанџе, кој во тоа време беше еден од од најдобрите судии не само во неговата Италија.

На останатите мечеви имаме порази на гости со 3:0 (09.10.1996), 1:0 (09.06.1999), 2:1 (26.03.2011) и во Скопје со 0:2 (04.06.2011) и едно реми и тоа дома со 1:1 (09.10.1999).

ПретходноХаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!
СледноЛеброн е неуништлив – постигна нов трипл-дабл и само го зацврсти рекордот (ВИДЕО)