Македонија У17 го финишира елитниот квалификациски турнир против Словенија

109

Македонската репрезентација до 17 години денеска од 16:30 часот го игра третиот и воедно последен меч на елитниот квалификациски турнир во Словенија. Денеска на програмата е дуелот токму против домаќинот, а на него му претходеа мечевите против Германија, односно Франција.

И на двата меча одигравме храбро и не се исплашивме од фаворитите, но сепак, загубивме на два пати по 2:1.

Од друга страна пак, репрезентацијата на Македонија до 19. години исто така го игра последниот меч од групата во Холандија, а денеска сме на мегдан против Молдавија. Мечот стартува од 18:00 часот.

 

ПретходноУште ќе сонуваме за Мундијал, нашата реалност е “пријателска“ вечерва во Даблин!
Следно„Ние сме Италија, одиме на СП и тоа е тоа“